Лидери во фиксната и мобилната телефонија

Bez autora
Aug 10 2012

Македонски Телеком и Т-Мобиле ја задржуваат водечката позиција во фиксниот и мобилниот сегмент, покажуваат консолидираните финансиски резултати на компаниите за првите шест месеци од 2012 година. Во првото полугодие Македонски телеком има значителен пораст во интернет и ИПТВ-сегментот, како резултат на стратешката определба за пристап на граѓаните во Македонија до иновативните технолошки решенија и услуги, креирани во согласност со потребите и можностите на корисниците. Македонски Телеком е на лидерското место со 74 отстотен пазарен удел во фиксната телефонија, како и во широкопојасниот интернет со удел од 56 отсто. Бројот на интернет-корисници во првата половина од 2012 година е зголемен за 5,8 отсто, а се бележи и пораст на бројот на ИПТВ-корисници за 50,4 отсто во споредба со крајот на јуни 2011 година...

Лидери во фиксната и мобилната телефонијаМакедонски Телеком и Т-Мобиле ја задржуваат водечката позиција во фиксниот и мобилниот сегмент, покажуваат консолидираните финансиски резултати на компаниите за првите шест месеци од 2012 година.

Во првото полугодие Македонски телеком има значителен пораст во интернет и ИПТВ-сегментот, како резултат на стратешката определба за пристап на граѓаните во Македонија до иновативните технолошки решенија и услуги, креирани во согласност со потребите и можностите на корисниците. Македонски Телеком е на лидерското место со 74 отстотен пазарен удел во фиксната телефонија, како и во широкопојасниот интернет со удел од 56 отсто. Бројот на интернет-корисници во првата половина од 2012 година е зголемен за 5,8 отсто, а се бележи и пораст на бројот на ИПТВ-корисници за 50,4 отсто во споредба со крајот на јуни 2011 година.

Во првата половина од 2012 година приходите од продажба на ниво на Групација се намалени за 12,8 отсто во споредба со истиот период лани. Оперативните приходи на групацијата изнесуваат 6,9 милијарди денари, а нето-добивката е 1,8 милијарди денари,

Во делот на мобилната телефонија, приходите се намалени, но и покрај тоа, на крајот на јуни годинава Т-Мобиле има 1,223 милиони претплатници, со што остварува водечка позиција со 49,9 отстотен удел на пазарот. 

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik